Европа

Во Шпанија наплив на мигранти од Мароко

31.07.2026 09:15

Илјадници луѓе се упатија кон шпанската територија Сеута во Северна Африка од Мароко. Најмалку 15-мина загинаа во обид да стигнат до копно.

Шпанија ја мобилизираше војската по големиот продор на мигранти од Мароко. Илјадници луѓе се упатија кон шпанската територија Сеута во Северна Африка од Мароко. Најмалку 15-мина загинаа во обид да стигнат до копно. Поголемиот дел од мигрантите се млади мажи, иако има и семејства со жени и деца. Врховниот суд на Шпанија овој месец пресуди дека мигрантите запрени на море додека се обидуваа да стигнат до Сеута или Мелиља, друга шпанска енклава, не можат да бидат вратени во Мароко.

Овие шпански територии долго време се централна точка за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа.