Kасарна „Гоце Делчев“

Промоција во Воената академија на 26. класа студенти - питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник

31.07.2026 08:51

Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во касарна „Гоце Делчев“ ќе биде промовирана 26-та класа студенти-питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник...

Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во касарна „Гоце Делчев“ ќе биде промовирана 26-та класа студенти-питомци во чин потпоручник и слушатели на курсот за офицери во чин поручник.

На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на воената академија, полковник Ненад Танески.

Години наназад на воената академија во Скопје студираат и воени питомци од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.

И во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово свеченост за промоција на новите полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година.

Создаваме, градиме и унапредуваме модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно во име на граѓаните, во име на својот народ, велат од Министерството за внатрешни работи.