Празник

Крушево подготвено за одбележување на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република

31.07.2026 19:51

На Крушево му олесна што го реши основното прашање - водата за пиење. Историско и туристичко Крушево е фокусирано на достоинствено одбележување на големиот „Илинден“ и на пречек на гостите и туристите.

Крушево е подготвено за празникот и за одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Бројни настани опфаќа традиционалната и значајна манифестација „10 дена Крушевска Република“ која од лани е веќе национална установа.

Пречекува 140 коњаници од повеќе краишта, а утревечер е традиционалното отворање на манифестацијата на Гумење.

Градот е подготвен за илинденските настани, но и за гостите и туристите. Уште повеќе е радосен дека нема проблеми со основното - водата за пиење, па гостите може да уживаат во крушевските убавини и адреналинскиот туризам.

Крушево достоинствено ќе го одбележи големиот празник „Илинден“.

Елизабета Митреска