Безбедност во сообраќајот

Во функција се камерите на Безбеден град во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид

31.07.2026 09:49

Се шири мрежата на „Безбеден град“. По извршеното финално тестирање од МВР до информација дека ставени се во функција безбедносните камери на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.

Наскоро камерите на „Безбеден град“, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања.

Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата.