мвр
Претрес во гостиварско, пронајдени дрога и муниција, лишено од слобода едно лице
31.07.2026 10:21
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол.

Денеска во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.С.(58) од с. Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
