Претседателот Иванов ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН
Шефот на државата ќе побара и остварување на Милениумските цели и почитување на меѓународното право, особено Светската организаиција да ги почитува сопствените донесене резолуции...

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати вечерва пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. Во своето обраќање се очекува шефот на државата да се осврне на заканата од тероризмот и последиците од климатските промени, имајќи особено во предвид што во последен период Балканот го погодија голем број на поплави.
Шефот на државата ќе побара и остварување на Милениумските цели и почитување на меѓународното право, особено Светската организаиција да ги почитува сопствените донесене резолуции, како привремената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со што би се деблокирале и нашите евро-атлански интеграции.
Шефот на државата имаше и средба со Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.
Ирина Гелевска
