Услугата „Итно копче“ во Карпош
Општина Карпош, во соработка со Црвен крст на Град Скопје, ја спроведува услугата „Итно копче“, наменета за жители на Општина Карпош на возраст над 65 години кои живеат сами или со брачен партнер со нарушена здравствена состојба.

Преку аларм-уредот, корисниците имаат брз и лесен пристап до помош во секое време. Со едно притискање на копчето, се воспоставува контакт со обучен оператор кој ја проценува ситуацијата и дава соодветни насоки. Доколку е потребно, се обезбедува и тим за прва помош во домот, како и транспорт до соодветна здравствена или друга институција.
Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите од Јавниот повика, може да се пријават на 02/15330.
Поради ограничениот број на уреди, корисниците се избираат по принципот „прв дојден – прв услужен“.
Со услугата „Итно копче“, Општина Карпош продолжува да обезбедува поголема сигурност и грижа за своите повозрасни жители.