Македонија

Водата во струмичко Ново Село загадена и забранета за пиење

31.07.2026 12:47

Од општината информираа дека како резултат на минатонеделното невреме и прекинот во снабдувањето со струја и на водоснабдувањето, појавено е минимално загадување на водата за пиење во Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево и на улицата „Првомајска“.

Загадена е водата и во струмичко Ново Село. Забранета е за пиење. Од општината информираа дека како резултат на минатонеделното невреме и прекинот во снабдувањето со струја и на водоснабдувањето, појавено е минимално загадување на водата за пиење во Сушица, Зубово, ДражевоБорисово, Колешино, Ново Коњарево и на улицата „Првомајска“.

Граѓаните не треба да ја пијат водата во наредните денови, додека се врши хлорирање и прочистување, до добивање позитивни анализи и откако лекарите од струмичкиот здравствен дом не кажат дека водата е безбедна за пиење.