Промоција на полициски службеници

Нови 496 полицајци за граница и општа безбедност

31.07.2026 18:30

Полициската професија е животен избор, повик кој бара храброст кога е најтешко, смиреност кога сите се вознемирени, чесност кога никој не гледа и човечност во секоја постапка, им порача министерот Тошковски на новите речиси 500 полициски службеници. Оваа генерација е првата што е обучена според новиот модел на основна полициска обука од три специјализирани модули – општа надлежност и сообраќај, гранични работи и специјални полициски операции...

Најдобриот питомец Даниел Стефановски е дел од генерацијата нови 496 полицајци, кои ќе се грижат за безбедноста. Вели – гордо ќе ја носи полициската униформа и ќе ги штити правата и слободите на граѓаните.

Оваа генерација е првата што е обучена според новиот модел на основна полициска обука од три специјализирани модули – општа надлежност и сообраќај, гранични работи и специјални полициски операции.

Министерот Тошковски порача – полициската професија бара многу повеќе од исполнување на службените задачи, таа е животен избор кој подразбира храброст, чесност, смиреност и човечност. Силните институции се основа за стабилна држава, а безбедноста е предуслов за економски развој, правна сигурност и подобар квалитет на живот, рече Тошковски.

Центарот за обука во Идризово прераснува во полициска академија со меѓународна акредитација, во план е да се отвори и средно полициско училиште.

 

Игор Панов