Свет

Шпанија ја испрати војската на границата со Мароко по напливот на илјадници мигранти

31.07.2026 17:19

Шпанија ја мобилизираше армијата за да воспостави ред на границата со Мароко кај Сеута, откако илјадници мигранти се обидоа да влезат на шпанска територија. Во обидот да ја преминат границата загинаа најмалку 15 лица, а локалните власти побараа дополнителни сили за справување со кризата. Во меѓувреме, Врховниот суд на Шпанија пресуди дека мигрантите запрени на море не смеат да бидат вратени во Мароко, додека Италија побара Шпанија да биде суспендирана од шенген-зоната.

Во едно деноноќие шпанската енклава Сеута се претвори во апокалиптична сцена, претставувајќи го човечкиот очај за подобро утре. Околу 50 илјади мигранти од Мароко се втурнаа во опасност, ризикувајќи го сопствениот живот во обид ги остварат своите соништа за нов почеток. Најмалку 19 мигранти загинаа, преминувајќи го каналот во средоземно море кој води до шпанска територија. Алармот експресно вклучен – на портите во Сеута, Шпанија, ја распореди армијата, а мароканските власти поставија камиони со водни топови во обид да ја одвратат толпата.

„Затоа што немаме добар живот во Мароко. Немаме добра медицина. Немаме добри наставници и животот е лош во Мароко. Затоа пливаме до тука“, вели Салата, од Тетуан, Мароко, на возраст од 25 години.

„Овие луѓе доаѓаат од Шпанија, бидејќи немаат работа. Не мислат дали е тешко или лесно, а тоа е поради ситуацијата таму“, додава Сулејман, од Тетуан, Мароко, на возраст од 23 години.

Првото, сакам да ја откријам Европа, тоа е првото нешто. Во Мароко не ни е дозволено да патуваме надвор. Па кога вршите голем притисок врз луѓето, ова е одговорот, рече Ахмед Карим, Мароканец, невработен.

Дојдов тука да го барам синот на сестра ми. Не знам дали е мртов или жив. Ја имам неговата карта за престој. Но, не знам каде е, го барам, Икраа Каи, марокански земјоделски работник.

Шпанските власти најавуваат што е можно побрзо протерување на мигрантите кои нелегално ја преминаа границата, а согласност за преземање добиле и од мароканската влада. Масовните преминувања во Сеута, предизвикаа поделби во Европа. Италија се закани дека ќе ја суспендира политиката на унијата за отворени граници.

Маја Стојанова