Македонија

Двегодишно дете од Куманово хоспитализирано на Детската клиника откако се затруло со средство за разредување на боја

31.07.2026 15:34

Двегодишно дете од Куманово се затруло со разредувач за боја. По укажаната лекарска помош во тамошната општа болница, пренесено е во Детската клиника.

Двегодишно дете од Куманово се затруло со разредувач за боја. По укажаната лекарска помош во тамошната општа болница, пренесено е во Детската клиника. Детето имало црвенило на грлото, даден му е антибиотик и сега е во добра здравствена состојба, па се очекува в понеделник да ја напушти клиниката. Случајот во полиција бил пријавен вчера попладне од кумановската болница.

Ова не е прв ваков настан во кумановскиот регион, каде и лани беа регистрирани повеќе слични инциденти на труење со средства за чистење, дезинфекција и лекови.