АХВ: Внимателност при подготвувања и чување на храната
Топлотниот бран и температурите што во одредени делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени го зголемуваат ризикот од расипување на храната и појава на труење, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство...

Топлотниот бран и температурите што во одредени делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени го зголемуваат ризикот од расипување на храната и појава на труење, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство. Апелираат граѓаните внимателно да избираат каде купуваат храна, како ја транспортираат и на која температура ја чуваат.
Се препорачува лесно расипливите производи, како месо, млеко и јајца, да се купуваат од проверени места и да се чуваат во соодветни разладни услови. Да се избегнуваат производи со оштетена амбалажа, овошјето и зеленчукот треба темелно да се измијат, а храната што се приготвува термички добро да се обработи.
