Битола

Триста нови вработувања на млади специјализанти

31.07.2026 19:19

Се отворија вратите за вработување на значајна бројка млади лекари низ Македонија откако владата на предлог на министерот за здравство, Клековски, одобри вработување на триста приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на оваа календарска година...

Се отворија вратите за вработување на значајна бројка млади лекари низ Македонија откако владата на предлог на министерот за здравство, Клековски, одобри вработување на триста приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на оваа календарска година.

Во нашава земја ќе останат и младите лекари кои ќе добијат шанса да бидат вработени во Клиничкиот центар во Битола, а придобивка ќе имаат пациентите и од Ресен и од Кичево.

Со распоредување на оваа значајна бројка млади специјализанти во болниците низ државава ќе се намалат листите на чекање на пациентите. Дел од нив нема да треба да патуваат во главниот град, а младите лекари кои својот образовен развој го стекнале во Македонија ќе имаат можност и професионалната иднина да ја градат во домашниот здравствен систем, велат од министерството за здравство.

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска