10 дена молк од ААВМУ

31.07.2026 17:29

И по десет дена нема одговор од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на последното од низата прашања на Македонската телевизија...

И по десет дена нема одговор од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги на последното од низата прашања на Македонската телевизија – дали Агенцијата почитувајќи го јавниот интерес може да ни ги достави на увид документите за реемитување на програмата на Арена М Премиум?

Станува збор за пријавата и одобрувањето за вклучувањето на трите специјализирани спортски канали во пакетите на програмските сервиси на операторите. Сè уште нема објаснување и за потврдата од агенцијата дека овие канали се регистрирани во Србија, а ги нема ниту во официјално објавениот Регистар на српското регулаторно тело ниту во базата на податоци на Европската медиумска опсерваторија.

Останува молкот и за сопственоста на Арена М каналите и за организацијата на нивното целокупно работење ако се знае дека во другите балкански држави Арена Ченлс Груп формира фирми во своја сопственост, а јавниот сервис праша и дали во Македонија спортските канали се доверени на менаџирање на друга фирма, посредник и што ќе преземе регулаторот за да ја потврди легитимноста на специјализираните спортски канали.