Се смирува епидемијата во Гостивар, водата и натаму не е безбедна за пиење
Се смирува епидемијата во Гостивар – во последново деноноќие на преглед се јавиле 36 пациенти. Надлежните се и охрабрени и внимателни. Водата и натаму не е безбедна за пиење...

И последните резултати се лоши – во гостиварската вода има опасни бактерии, покажуваат последователните испитувања. Од Кризниот штаб велат дека водата не е за пиење и готвење, и оти може да се користи само за техничка употреба.
И додека забраната за водата останува, епидемијата веќе се смирува.
Вкупно има 1.014 формални пријави за заразна болест, од нив анкетирани се 706 пациенти.
На 19-ти јули беше прогласена епидемија на територијата на општина Гостивар. Два дена подоцна и кризна состојба. Епидемијата ќе се смета за завршена, кога во здравствените установи нема да има новопријавени пациенти со симптоми.
Наташа Јанчиќ Менковски
