Македонија

Владата донесе одлука за кризна состојба во државата поради зголемена опасност од пожари

01.08.2026 09:02

Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе биде во постојано заседание, а сите органи на државната управа се задолжени во целост да ги стават на располагање своите капацитети.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во цела држава поради зголемената опасност од пожари. Почнува од денеска и ќе трае 30 дена.

„Одлуката е донесена за навремено, координирано и ефикасно справување со ситуацијата на терен, како и за максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и на природните ресурси“, објаснија од Владата.

Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе биде во постојано заседание, а сите органи на државната управа се задолжени во целост да ги стават на располагање своите капацитети.

Од Дирекцијата за заштита и спасување со повик до граѓаните да бидат внимателни.