Кошаркарите чекор погоре пред извлекувањето за ЕП
Македонија е на купче со некогаш велесилата Италија, Полска која што постојано напредува, но никао да избие при врвот и нам добро познатата Белгија. Ова се селекциите што сигурно ќе ги избегнеме, на ждрепката за Евробаскет 2015.

Македонија е на купче со некогаш велесилата Италија, Полска која што постојано напредува, но никао да избие при врвот и нам добро познатата Белгија. Ова се селекциите што сигурно ќе ги избегнеме, на ждрепката за Евробаскет 2015.
Носители се шампионот Франција, финалистот Литванија, победникот на претпоследниот натпревар минатата година во Љубљана, Шпанија и поразената во бронзениот меч, Хрватска. Според новиот систем на ФИБА, во втората по квалитет група се светскиот вицешампион Србија, Словенија, Украина и верувале или не, Финска. Грција, Летонија, БиХ и Турција се пред нас, а веднаш под нас, во четвртата група се Германија, Израел, Чешка и Грузија. Во последното друштво, повторно верувале или не, е Русија, заедно со анонимусите Холандија, Исланд и Естонија.
Освен што ќе остане запаметено по револуционерната поделба на домаќинлукот меѓу 4 земји, следното европско кошаркарско првенство ќе се памети и по преседан можноста, домаќините да си бираа противници.
Французите се решија за Финците, кои што на СП ја окупираа Шпанија во бројка можеби и поголема од 10.000 и кои што се потенцијални големи трошаџии, со дебели паричници. Хрватите ги повикаа соседите Словенци, Летонците ќе се дружат со Литванците, а на гости кај Германците одат Турците, чија што заедница во Германија изнесува околу 2.000.000, сите потенцијални навивачи.
Македонија котира релативно високо, на 32-рата позиција на ФИБА ранкингот, односно 12-тата на европската кошаркарска табела, со напредок од едно место на последното калкулирање на резултатите, на 14-ти септември. Во ноември, ќе ги дознаеме противниците на континенталниот собир, што ќе почне во Берлин, Загреб, Рига и во Монпеље, а завршницата ќе се игра на затворен стадион во францускиот град Лил, со предвиден капацитет од 27.000 гледачи за кошаркарските натпревари.
