Трамп планира нови напади во Иран
Медиумите во исламската република потенцираат дека земјата располага со сеопфатен план за одговор во случај на евентуална американска воена акција.

Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира нови, масовни напади во Иран врз енергетската инфраструктура. Медиумите во исламската република потенцираат дека земјата располага со сеопфатен план за одговор во случај на евентуална американска воена акција.
Во момент кога блокадата на Ормускиот теснец продолжува, агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство објави дека танкер бил погоден од непознат проектил во протокот, во близина на брегот на Оман.
Пред членовите на кабинетот, Трамп порача дека ќе го засили притисокот врз Техеран. Шефот на белата куќа тврди дека војната со Иран помогнала, Хамас во Газа да постигне договор за разоружување.
