Пожари

Милиони луѓе во Европа изложени на опасно загаден воздух

01.08.2026 18:25

Високи концентрации на штетни честички, поврзани со заболувања на белите дробови и срцето се нотирани во последните мерења.

По пожарите во Франција и Шпанија, милиони луѓе во Европа се изложени на опасно загаден воздух. Високи концентрации на штетни честички, поврзани со заболувања на белите дробови и срцето се нотирани во последните мерења.

Според климатолози, повеќедневната изложеност на овие честички може сериозно да влијае врз здравјето.

Податоците од европската програма „Коперникус“ покажуваат дека во Бордо и во околните региони нивото на загадување достигнало повеќекратно повисоки вредности од препорачаните.

Европа е зафатена од големи шумски пожари поради сувото време, и од топлотен бран со температури над 40 степени.