Британија се вклучува во нападите на Исламската држава
Британските пратеници го поддржаа вклучувањето во нападите на широката коалиција во Ирак. Британските авиони ќе се вклучат во нападите веројатно уште в недела. Премиерот Камерон предупреди дека борбата ќе биде долга, но законска и на барање на ирачката влада. Турскиот премиер Ердоган порача дека политиката на Анкара кон Исламска Држава е сменета по ослободувањето на турските заложници.

„Треба да прогласиме зона за забранети летови, да создадеме безбедна зона на сириската страна на границата и да не се поставуваат прашања за начинот на кој го менаџираме процесот“, рече Таип Ердоган, претседател на Турција.
На теренот, борците на Исламска Држава напредуваат кон Кобане, судирите се видливи од турската граница. Војската се справува не само со паднати гранати од сириска територија, туку и со курдски борци кои се обидуваат да и се придружат на Пешмергата.