Претрес во автокамп кај Охрид: Уапсен скопјанец, запленети марихуана и бела прашкаста материја
Триесет и деветгодишен жител на Скопје е лишен од слобода по претрес во автокамп на охридското крајбрежје, при што полицијата пронашла марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и други предмети. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид на 31 јули го лишиле од слобода В.С. (39) од Скопје, по претрес извршен во автокамп на охридското крајбрежје.
При претресот на камп-приколката и дворното место, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана, како и други предмети поврзани со случајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настанот против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
