Економија
Намален државниот и јавниот долг
01.08.2026 17:24
Економската состојба во државата се подобрува, тврди премиерот Мицкоски. Обелодени дека во вториот квартал од годината има намалување и на државниот и на јавниот долг.
Државниот долг е намален за повеќе од 40 милиони евра, а јавниот долг за над 20 милиони евра во вториот квартал од годината, вели премиерот Мицкоски.
Известува Миле А. Ристески
