Зголемена фреквенција на патиштата, подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но поради зголемената фреквенција на возила има подолги задржувања на граничниот премин Табановце, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.
Според информациите, на граничниот премин Табановце за влез во државата се чека повеќе од еден час, додека на Богородица за излез од земјата задржувањето е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури, каде што е можна појава на одрони.
Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
