Македонија

Државниот архив претстави документи и фотографии по повод Денот на Републиката

02.08.2026 11:13

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претставува избор на архивски документи и фотографии што сведочат за историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност.

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив презентира избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на Првото заседание на АСНОМ и создавањето на современата македонска држава.

Од Архивот потсетуваат дека на 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, биле поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки била потврдена државотворната идеја на македонскиот народ и биле утврдени основите на слободна, рамноправна и демократска Македонија.

Меѓу најзначајните одлуки од заседанието се прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик и усвојувањето на Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија, со која биле загарантирани еднаквоста и основните слободи на граѓаните.

Од Државниот архив посочуваат дека изложените документи и фотографии претставуваат значајно сведоштво за историските настани што ги поставија темелите на македонската државност и го одбележаа патот кон современата држава.