Блиски исток

Трамп ги откажа нападите врз Иран

02.08.2026 11:39

Трамп објави дека Техеран и другите земји на Блискиот Исток го замолиле да се воздржи од каков било напад бидејќи веќе биле прецизирани периметрите на договорот, кој ќе вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец и ставање крај на нуклеарната закана од Исламската Република.

Американскиот претседател ги откажа нападите врз Иран под услов брзо да се постигне договор. Трамп објави дека Техеран и другите земји на Блискиот Исток го замолиле да се воздржи од каков било напад бидејќи веќе биле прецизирани периметрите на договорот, кој ќе вклучува повторно отворање на Ормускиот теснец и ставање крај на нуклеарната закана од Исламската Република.

Претходно шефот на иранската дипломатија истакна дека секоја агресија, непријателска акција од страна на САД и Израел, или учество и придружба од регионалните земји, ќе добие решителен и пропорционален одговор.