Воен конфликт

Москва ги засили нападите, Киев возвраќа

02.08.2026 16:37

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека украинските напади врз Русија ја промениле динамиката на војната и нагласи дека се можни нови мировни преговори во блиска иднина.

Русија ги засили нападите врз Црноморските пристаништа, на удар бродови и нафтени складишта. Над сто дронови биле соборени над повеќе региони. Киев нотира дека со беспилотни летала во текот на ноќта нападнале цели на руска територија, при што била погодена нафтена рафинерија во Саратов, а мета била и воена воздушна база во регионот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека украинските напади врз Русија ја промениле динамиката на војната и нагласи дека се можни нови мировни преговори во блиска иднина.

Претседателот Зеленски ги повика западните партнери итно да обезбедат дополнителни ракети „Патриот“, а земјите од Г7 да воведат дополнителни санкции врз компаниите и поединците што и помагаат на Русија.