Свет
Авион со туристи од Европа се урна во Перу
02.08.2026 14:51
Перуанската претседателка, Фуџимори истакна дека во тек е истрага за несреќата. Владата на Наска соопшти дека авионот полетал од блискиот град Ика и ги носел туристите на разгледување на геоглифите во пустината.

Авион со туристи од Европа се урна во поле во Перу, надвор од градот Наска. Загинаа 13 лица. Меѓу жртвите се државјани од Италија, Германија и Шпанија и двајца членови на екипажот.
Перуанската претседателка, Фуџимори истакна дека во тек е истрага за несреќата. Владата на Наска соопшти дека авионот полетал од блискиот град Ика и ги носел туристите на разгледување на геоглифите во пустината.
Авиокомпанијата „Аеродијана“ 14 години нудела живописни летови над линиите Наска користејќи авиони „Цесна“.
