Здравство

Се очекуваат резултатите за трите сомнителни случаи на западнонилска треска

02.08.2026 12:48

Денеска се очекуваат резултатите од лабораториските анализи за три сомнителни случаи на западнонилска треска во Скопје. Во меѓувреме, на Инфективната клиника се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се на респиратор и се во критична состојба.

Денеска треба да бидат готови резултатите од лабораториските анализи за трите суспектни случаи, дали се заразени со западнонилска треска. Сите се од Скопје и се на возраст над 60 години. Кај нив е потврдено дека се работи за вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, но сè уште нема лабораториски потврди за видот, односно причинителот за ваквата состојба.

Нема промена во здравствената состојба кај 10-те пациенти, со потврдена западнонилска треска, кои се хоспитализирани на Инфективната клиника. Тројца се во критична состојба, на респиратор.

Инфектолозите веќе апелираа дека повозрасната популација и оние со коморбидитети се најризични да ја добијат најтешката форма на инфекцијата, која се јавува само кај еден процент од заразените.