Македонија

Состојбата во Гостивар е стабилна, продолжува хиперхлорирањето на системот

02.08.2026 13:08

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

Експерти од Јавното претпријатие „Водовод“ од Скопје продолжуваат со хиперхлорирање на системот. Гостиварци многу скоро би можеле повторно да добијат безбедна вода за пиење.

Секојдневно се земаат мостри за анализа на водата во Гостивар, во која сè уште има бактерии, кои не се фекални, но водата не е безбедна за пиење.

Вчера се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации.

Регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови епидемиолошки анкети.