Илинден

Мицкоски: Обединување на државните интереси, не поделби

02.08.2026 13:45

123 години од Илинденското востание и Крушевската Република, и 82 години од првото заседание на АСНОМ, два клучни столба во македонската државност. Чествувања во Скопје, Пелинце и во Крушево. Македонија никогаш не победувала кога била поделена, туку само кога знаела да се обедини околу голема цел-пораки од државниот врв.

Во Пелинце одбележан еден од најзначајните државни празници-Илинден, со кој се оддава почит на историските настани и на борбата за слобода и државност на Македонија.

На свеченоста говореше премиерот Мицкоски. Повика на обединување за државните интереси, а не на поделби.

Известува Анита Димитријевска-Велковска