Македонија

Сиљановска-Давкова: Илинден, најсветол македонски ден

02.08.2026 14:05

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во обраќањето по повод 2 Август – Денот на Републиката, порача дека Илинден и АСНОМ се темелите на современата македонска држава. Таа истакна дека државата се брани со мудра надворешна политика, се чува со вложување во младите и се јакнее преку национално помирување.

Претседателката Сиљановска-Давкова и бројни делегации положија цвеќиња пред спомениците на Никола Карев, во Жена-борец и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто.

„Илинден нѐ учи дека републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува“, рече шефицата на државата.

Известува Александра Велинова