Втор Илинден
82 години од првото заседание на АСНОМ
02.08.2026 14:26
Владината делегација, заедно со висока делегација на Република Србија, го посети манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде положи свежо цвеќе во спомен-капелата, оддавајќи почит на историското значење на ова место за современата македонска држава.

Владина и црковна делегација присуствуваше на одбележувањето на Денот на републиката и во манастирот „Свети Прохор Пчински“, каде што е одржано првото заседание на АСНОМ.
Четврта година по ред, вториот Илинден го чествуваме и во „Прохор Пчински“, откако по речиси две децении беа отворени портите на манастирот.
Известува Миле А. Ристески
