МВР

Уапсен велешанец, предизвикал пожар кај Башино Село

02.08.2026 15:46

Полицијата приведе 54-годишен жител на Велес, откако при сечење метален предмет со алат предизвикал пожар на сува трева во близина на Башино Село. Во инцидентот нема повредени, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Б. (54) од Велес, поради сомнение дека предизвикал пожар во близина на Башино Село.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил вчера околу 13:25 часот, кога при сечење метален предмет со алат, искрите предизвикале пожар на сува трева.

Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од самиот Д.Б. со помош на други лица кои се нашле во близина.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Велес. По целосно документирање на настанот, против 54-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.