Илинден

Сиљановска-Давкова: Никој нема право да ја ревидира македонската историја

02.08.2026 17:21

Во обраќањето по повод Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека македонската слобода е изборена, а не подарена, и дека никој нема право да ја ревидира националната историја. Таа повика на вложување во младите, борба против корупцијата и национално помирување.

Никој нема право да ја ревидира нашата историја, бидејќи слободата не ни е подарена, туку сами сме се избориле за држава – порача Претседателката Сиљановска – Давкова во празничното обраќање пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто. Таа додаде дека постои долг кон историската вистина и кон борците кои „со крв извојуваа слобода и Македонска Република“.

Државата се чува со вложување во младите, мудра надворешна политика и национално помирување – порача претседателката Сиљановска-Давкова. Истакна дека со поревносна борба мораме да им се спротивставиме на криминалот, корупција, загадувањето, партизацијата за да ги задржиме младите во земјава.

Согласно Законот за помилување и Уставот, претседателката помилува 25 осудени лица. Шестмина се ослободени, а на 19 осуденици казните им се намалени.

Александра Велинова