Во „Прохор Пчињски“ одбележана 82-годишнината од Првото заседание на АСНОМ
Со положување венец пред спомен-обележјето во манастирот „Прохор Пчињски“, владина делегација ја одбележа годишнината од Првото заседание на АСНОМ. На свеченоста присуствуваа и претставници на Владата на Србија.

Таму каде што е испишана историјата на македонската држава пред 82 години. Во манастирот „Прохор Пчински“ владина делегација положи венец пред обележјето и спомен плочата на Првото заседание на АСНОМ.
Министрите Тошковски и Стоиљковиќ беа пречекани од нивните српски колеги, Немања Старовиќ и Снежана Пауновиќ. Историјата треба да се почитува, Илинден е празникот кој е гордост на македонските граѓани – рече министерот за внатрешни работи Тошковски.
Српскиот министер Старовиќ, како специјален пратеник на претседателот Вучиќ на чествувањето во „Прохор Пчински“ истакна дека Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ претставуваат важни датуми од слободарската борба на Македонија.
Токму овде во „Прохор Пчински“ пред 82 години изгласани се неколку важни документи за македонската држава. Од станување на македонскиот јазик за официјален во државата, до Декларација за заштита на основните човекови права на граѓаните во демократска Македонија.
Миле А. Ристески
