Започнаа пробите за претстојниот Скопски фестивал
Биг бендот на МРТ ги почна пробите за претстојниот Скопски фестивал. Се свират нотите на новите 20 избрани композиции, се финализираат аранжманите, а наскоро ќе почне и снимањето на вокалите.
Новина оваа година, како реши организаторот на фестивалот, МРТ, е победничката композиција од Скопски фестивал да оди на Изборот за Песна на Евровизија за 2015 година.
„Фестивалот ќе се одржи на 12 ноември во салата Метрополис. Оваа година ќе имаме поинакво светло, поинаква сцена“, велат организаторите.

За ова фестивалско издание е променет и начинот на гласање. Воведен е веќе испробаниот евровизиски модел - телевоутинг и оценување од меѓународно стручно жири во сооднос 50 - 50 проценти. Најдобриот ќе се знае на 12-ти ноември.
Александра Перевска