Илинден

Милошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба

02.08.2026 16:29

„Демографијата е нашата нова борба, да не бидеме генерацијата што наследила држава, а оставила празни домови“ порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски од Мечкин Камен.

Нашето востание не се пушката и црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат поколенија. Демографијата е нашата нова борба за Македонија, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски од Мечкин Камен.

За него, важно е да не бидеме генерацијата што наследила држава, а оставила празни домови и празни училишта и во тоа е големината – не само во она што го создава за себе, туку во она што е подготвена да го остави на оние што сè уште не се родени.

Известува Наташа Јанчиќ-Менковски