Временска прогноза

Сончево и топло со температури до 39 степени

03.08.2026 08:07

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец.