Трамп тврди дека почнува нова рунда преговори со Иран
Според него, лидерите од заливот одиграле важна улога во деескалацијата, оценувајќи дека разговорите бележат напредок, вклучително и за повторното отворање на Ормускиот теснец. Техеран, пак, потврди дека преговорите меѓу Иран и Оман за управувањето со протокот се во последна фаза, но дека во моментов нема разговори за негово повторно отворање...

Американскиот претседател Трамп тврди дека почнува нова рунда преговори со Иран откако ја одложи наредбата за нови напади. Според него, лидерите од заливот одиграле важна улога во деескалацијата, оценувајќи дека разговорите бележат напредок, вклучително и за повторното отворање на Ормускиот теснец. Техеран, пак, потврди дека преговорите меѓу Иран и Оман за управувањето со протокот се во последна фаза, но дека во моментов нема разговори за негово повторно отворање.
„Сојузниците побараа да се откажеме, а причината е верувам затоа што има договор. Има договор за Ормускиот теснец, а потоа ќе има и за нуклеарното оружје. сега она што го правиме е дека разговараме со нив во форма на преговори. ќе видиме дали можеме да постигнеме договор за денуклеаризација“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Обврзани сме да обезбедиме безбеден превоз на бродови низ Ормускиот теснец. Треба да постигнеме јасен механизам. Имавме многу тешки искуства во изминатите неколку месеци, па затоа мора да се осигураме дека Ормускиот теснец нема да стане област на експлоатација од страна на страните што нè напаѓаат“, изјави Есмаил Багеи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.
