Индонезија: Жртви и исчезнати при пожар на брод
Спасени се 225 лица и членови на екипажот, а причината за пожарот сè уште е непозната. Истрагата за несреќата е во тек...

Најмалку пет лица загинаа, а над 40 се исчезнати откако ферибот со 271 патник се запали во близина на индонезискиот остров Јава. Бродот „Мутиара сентоса 2“ патувал од Сурабаја кон Макасар кога избувнал пожарот, по што е почната голема спасувачка операција. Спасени се 225 лица и членови на екипажот, а причината за пожарот сè уште е непозната. Истрагата за несреќата е во тек.
„Некој се качи од долната палуба и ни кажа дека има пожар. Кога се симнавме да провериме, две возила веќе гореа. Разгорени од ветерот, пламенот се ширеше екстремно брзо. за помалку од 30 минути, на сите им беше наложено да се преместат кон предниот дел на фериботот“, изјави Ахмад Абдул Карим, преживеан.
