топлотен бран

Европа и Балканот повторно под вршник

03.08.2026 18:51

Црвен метеоаларм е во сила во 25 италијански градови поради температури над 40-иот степен целзиусов. Екстремни горештини и на Балканот...

Европа го достигнува врвот на новиот топлотен бран, а Италија е меѓу најпогодените земји. Црвен метеоаларм е во сила во 25 италијански градови поради температури над 40-иот степен целзиусов.

Екстремни горештини и на Балканот. Хрвтаска го вклучи алармот во повеќе региони, вклучително Загреб, Сплит, Дубровник и Истра.

Во Србија високите температури доведоа до намален водостој на реките, особено на Дунав што влијаеше врз производство во хидроцентралата „Ѓердап“. Поради состојбата е свикан состанок на штабот за вонредни ситуации.