Илјадници евакуирани поради пожарите во Вашингтон
Уништени се стотици објекти, а најпогодена е областа околу градот Спокејн...

Пожарите во источниот дел на американската држава Вашингтон кои зафатија над 20 илјади квадратни метри, принудија евакуација на околу 5.000 домови. Уништени се стотици објекти, а најпогодена е областа околу градот Спокејн. Во исто време, пожарникарите се борат и со голем пожар во Ајдахо и Орегон, кој досега опожарил речиси 525 квадратни милји.
„Илјадници жители на Вашингтон во областа Спокејн мораа да бидат евакуирани. Стотици домови се уништени. Ова е сега најголемиот пожар во сад. ни ветија дека ќе ни ги дадат ресурсите што ни се потребни на терен. има толку многу жители на Вашингтон кои буквално изгубија сè за многу, краток временски период. За само неколку часа, нивните животи се променија“, изјави Лиза Браун, градоначалничка на Спокејн.
