Европа

Шпанија ги депортираше нелегалните мигранти

03.08.2026 10:46

Се смирува мигрантската криза во Шпанија. Најголем дел од луѓето кои стигнаа до Сеута во потрага по подобар живот се вратени назад. Но, сега се отвораат прашања кој потфрлил, по информациите дека властите со денови биле предупредувани на опасноста.

Најголемиот дел од 60.000 мигранти кои нелегално влегоа во Шпанија, веќе се депортирани во Мароко. Смртниот биланс од мигрантската криза, се искачи на 72-ца. Дел од нив се удавиле, а други биле прегазени во стампедо. Шпанските власти поставија бариера од половина километар, за заштита на поморската граница, а значително го зголемија и бројот на припадници на вооружените сили во Сеута.

„Овие денови, во Сеута имаме 3000 припадници на вооружените сили, со цел нормализирање на состојбата и тие ќе останат овде онолку колку што е потребно. На ова му пристапуваме како на мигрантска криза“, изјави Мигел Ангел Перез – делегат на шпанската влада во Сеута.

За мирно и правично решение на мигрантската и хуманитарна криза во Шпанија, апелираше и папата Лео 14

„Со загриженост ја следам состојбата во Сеута и го молам Господ да се пронајде мирно, стабилно и праведно решение“.

Недостигот на можности во Мароко е наведен како главна причина од страна на поголемиот дел од мигрантите, кои се обидоа нелегално да навлезат на шпанска и европска територија.

 

Марија Котовска