Здравство

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан

03.08.2026 12:55

Под лупа се Струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетска клиника за неврологија во Скопје...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи, во кои била третирана 19-годишната жена, чиешто семејство раскажа дека по вториот царски рез, таа останала парализирана. Под лупа се Струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетска клиника за неврологија во Скопје. Наредните денови се очекува инспекторатот да ги комплетира надзорите и да ја прибере целата медицинска документација, по што ќе се утврди фактичката состојба, ќе се донесат заклучоци и ако е потребно ќе бидат преземени и други чекори.

„Министерството за здравство уверува дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и докрај. Ниту еден аспект нема да биде изоставен, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно надлежностите и важечките законски прописи“, велат од Министерството за здравство.