ксзд

Бремена работничка била дискриминирана

03.08.2026 15:35

Комисијата утврди директна дискриминација врз вработена, од страна на сопственик на синџир бутици и неговата сопруга, ангажирана како сметководителка и книговодителка...

На газдите има кажала дека е бремена, па почнале притисоци за отказ. Комисијата утврди директна дискриминација врз вработена, од страна на сопственик на синџир бутици и неговата сопруга, ангажирана како сметководителка и книговодителка. Дискриминираната пријавила дека имала договор на определено време за 2026 година, како продавачка во еден од бутиците, но откако му соопштила на работодавачот дека е бремена, и било кажано дека немаат потреба од неа и веднаш почнале притисоците за присилен отказ.

Таа се соочила со дисциплински пријави и со закани да потпише спогодбен договор за отказ. Од стресот се разболела, а потоа била одјавена откако договорот наместо на година и бил променет во ангажман на три месеци. Веднаш реагирал Трудовиот инспекторат кој ги поништил решението, но тоа не резултирало со враќање на жената на работа. Работодавачот, пак, тврдел дека пријавителката работела помалку од шест месеци и од старт не ги почитувала редот и дисциплината, за што добивала опомени, како и дека за бременоста дознал од пријавата.

Сепак, Комисијата донесе поинаква одлука и препорача во рок од 30 дена, работодавачот да направи обид за спогодбен надомест на материјалната и нематеријалната штета, која избрканата бремена вработена ја претрпела како последица на утврдената дискриминација.