здравје

Дебелината како хронично заболување

03.08.2026 18:03

Брза храна, брзо темпо, помалку движење, повеќе килограми. Некогаш велевме лоша навика, денеска лекарите го третираат како прекумерна телесна тежина. Статистиката покажува дека две третини од возрасните во земјава се борат со вишок килограми, а кај 30 проценти од нив преминува во хронично заболување.

Брза храна, уште побрз живот и преку ноќ-вишок килограми. Ако се додадат стресот и неактивноста, прекумерната тежина го зема данокот.

Граѓаните одолеваат, напати мерат килограми, другпат се препуштаат на гурманството.

Преку 40 пациенти, од 15 до 69 годишна возраст со прекумерна тежина побарале лекарска помош во прилепскиот Центар за менаџирање на дебелината. Некои достигнале и преку 200 килограми телесна тежина.

Во 2025 година во Македонија, 65 проценти кај возрасното население имало зголемен индекс на телесна маса, а 30 проценти живеат со дебелината како хронично заболување.

 

Елзизабета Митреска