„Градиште Црнобуки“ шанса за атрактивен туризам
Содржината на археолошкото наоѓалиште „Градиште Црнобуки“ нуди шанса за уште една атрактивна понуда на културен и етнотуризам. Потребно е само локалната самоуправа на градот Битола да овозможи изградба на пат до селото каде што некогаш се живеело континуиран живот од две илјади години.

Ако се изгради патот до село Црнобуки, тогаш градот Битола на својата туристичка мапа ќе може да додаде уште една атрактивна содржина од спој на културен и етнотуризам. Археолошкиот локалитет „Градиште Црнобуки“ кој изобилува со доста податлив материјал ќе биде причина плус за прилив на уште поголем број туристи.
Податоците од петгодишното археолошко истражување укажуваат на фактот дека и во градот постар од Херајлеја Линкестис се живеело урбано.
Пронајдени артефакти како монетите од Филип Втори Македонски, од Филип Петти како и од Персеј. Потоа, Римската Република, но и луксузната керамика увезена од големите трговски центри укажуваат на тоа дека на локалитетот се водел континуиран живот од две илјади години.
И натаму останува енигма за кој град точно се работи. Досегашната археолошката кампања е реализирана со финансиска помош на Министерството за култура и туризам, но и со поддршка на колегите од Полихамболд универзитетот од САД.
Ружицa Аџикотарева Ѓоршевска
