мвр

Лишен од слобода возач откако возел со 220 км/ч на автопат

03.08.2026 19:21

При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час...

Денеска во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36).

При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информира МВР.