Ташмаруништа

Лице вербално го нападнало премиерот Мицкоски

03.08.2026 16:50

52-годишен стружанец е приведен и се соочува со пријава зашто за време на прославата на Илинден во Ташмаруништа, упатувал вербални закани кон премиерот Мицкоски и спречувал службеници во вршење службени дејствија...

52-годишен стружанец е приведен и се соочува со пријава зашто за време на прославата на Илинден во Ташмаруништа, упатувал вербални закани кон премиерот Мицкоски и спречувал службеници во вршење службени дејствија. Инцидентот предизвика и партиски реакции. СДСМ тврди дека премиерот Мицкоски бил вербално нападнат поради незадоволството од неисполнетите ветувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека лицето се обидело да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол дофрлало зборови со непримерна содржина, по што, кога полицијата го легитимирала извадило бугарски документ. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е ова доказ за поврзаноста на СДСМ со странски агентурни центри.