Русија

Дрон падна на плажа на Црно Море, има жртви

03.08.2026 20:50

Гувернерот на Краснодарскиот Крај, Венијамин Кондратјев ја обвини Украина за нападот.

Шест луѓе загинаа, меѓу кои и три деца, а 40 се повредени откако делови од дрон паднаа на плажа во туристичкото одморалиште Архипо-Осиповка, во близина на Геленџик на брегот на Црно Море во Русија. Гувернерот на Краснодарскиот КрајВенијамин Кондратјев ја обвини Украина за нападот.

Според првичните претпоставки, целта на дронот била руската поморска база во Новоросијск, која се наоѓа на околу 40 километри од Геленџик.